Студентска Солидарност

Гоце

Не сакам да спомнуваме муабети провинцијалци , скопјанишча , албанци и сл.
Сакам да им докажеме дека студентите се движечка сила и во Македонија.
Земја за која што светот мисли дека е полна со овци, кои не можат или не сакаат да се борат за правата свои но и за другите.

 

 

 

 

Последниве неколку дена на фејсбук , редит , имгурл се појави артиклот составен во врска со студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје , да она чудовиштено во кутро Тафталиџе.
Го викам чудовиште затоа што ме плашеше ко дете …
Во Македонија имаш секакви студенти : Верни студенти , Повремени , Навремени , Редовни , Вонредни , Вечни , Стационирани , Рихтерови (само 6ки.)
Шала на страна покрај сите ситници за кои што може да се замерат студентите меѓу себе јас навистина ѓи сметам сите мои колеги и колешки за рамноправни и интелегнтни луѓе кои гледаат зад таа фасада на мали караници кои ја сочинуваат дневната реалност само за да не биде толку досадна.

Во поглед на ова сакам да кажам дека јас не сум престојувал во домот Гоце, како и повеќето од луѓето кои што ги познавам но сепак ме радува што толку се популаризира проблемот бидејќи мора да признаеме без популаризирање нема да дојде никогаш до решение на овој проблем со кој се соочуваат наши колеги.
Не сакам политика ниту пак сакам да се мешам но секој нормален човек може да види дека ако се има пари за глупости тогаш мора да се издвојат пари за реновирање на овој студентски дом а и сите други позади него како Медицинар и сличните од нивни тип.

Условите во кои што живеат луѓето таму се страшни и како што еден човек прокоментира не се доволни ниту за кучиња скитници.
Убаво е што сме обединети и само така ќе постигнеме да смениме нешто и многу ми е мило што проблемот се проширува и само нека продолжи така за нашите колеги да видат расветлување низ ходницине а не да снимаат Haunted House (The Unparody)

Поздрав!

Advertisements

2 Comments

Add yours →

  1. Reblogged this on Операција „Студентски Дом“ and commented:
    Да читаме и пишуваме повеќе вакви текстови, сега е време за студентска солидарност, за сполотеност, за заеднички труд, за заедничка борба за она што го заслужуваме. Само со стремеж кон целите за вистински вредности ние младите ќе покажеме дека сме иднината на која општеството ќе може да се гордее.

  2. тука со коментарот за иднината дека младите сме иднината многу грешите Браќа, бидејки иднината на нашата мала држава се само пензионерите. Како што знам студенти во оваа држава никогаш не се спомнало таков збор, а за пензионерите дури и дете од 3 години ќе ви раскаже дека секој месец му се покачува пензијата на дедо му и дека дедо му бесплатно оди со автобус на пазар и слично. А најтрагичното е што тие трошоци ги плаќаме ние студентите и сите давачки што се над врвот се наша должност иако на секој студент месечниот придонес а секако и годишниот придонес е 0. Затоа подразмислете малку кој е иднината на Македонија. :))))

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: